
Морнарот Робинсон Крусо завршува на пуст остров како единствен преживеан по катастрофалниот бродолом. Оставен на милост и немилост на суровата природа и на самотијата, тој го пронаоѓа патот до културата и цивилизацијата. Учи занаети, гради куќа, обработува земјиште и припитомува животни, но сè уште е сам. Сето тоа се менува кога ќе го спаси Петко од човекојадците и заедно ќе го планираат враќањето дома...
Романот „Робинсон Крусо“ претставува образец-темелник за тоа како треба да изгледа еден авантуристички роман. Семоќта на човековата волја соочена со стихијата на природата и другите искушенија на непознатото наоѓаат безвременска форма во делото на Даниел Дефо.
Од објавувањето во 1719 година, романот „Робинсон Крусо“ е издаден во преку седумстотини изданија, инспирирајќи безброј имитации и варијации.