ИМАШ НАПИШАНО КНИГА?
Имаш приказна што сакаш да биде прочитана? Ракопис што го чуваш во фиока како тајна? Идеја што те буди навечер? Го сонуваш твоето име на корица? Ако срцето ти вели „ДА“ — Твојот момент е сега. Ние те бараме токму тебе.
🔎Моментално сме во потрага по:
Мистерија | Трилер | Крими роман | Романтична комедија | Романса | Чик лит
Ако твојата приказна нè остави без зборови и е она што моментално го бараме, – тогаш започнува нашата заедничка приказна.
Стануваш дел од тимот на ЧИТАЈ КНИГА. Од тој момент, не си сам/а. Ти стоиме на располагање и ти даваме целосна поддршка од почеток до крај – уредници, лектори, дизајнери, маркетинг тим.
Книгата ја издаваме под наше име, ја дистрибуираме во повеќе книжарници низ земјава и ѝ даваме глас каков што заслужува.
Твојата задача? Да продолжиш да пишуваш.
Нашата задача и цел? Да се погрижиме твојот глас да стигне до што е можно повеќе читатели.
Испрати ни го твојот ракопис на citajkniga@outlook.com и направи го првиот чекор.
Напомена: Доколку сме ја прочитале твојата книга и ни се допаднала, ќе бидеш исконтактиран/а во најкус можен рок.