ЗА ЧИТАЈ КНИГА
Во свет што постојано брза, ние веруваме дека секој заслужува момент само за себе.
Момент на тишина, бегство и емоција. Момент со книга во рака.
Кај нас ќе најдеш внимателно одбрана белетристика – приказни што се читаат со срце, што те носат далеку,
те смируваат или те потсетуваат колку е убаво да почувствуваш.
Не продаваме само книги. Продаваме време за тебе, пауза од секојдневието и чувство дека не си сам/а во она што го живееш.
Затоа што читањето не е луксуз – туку мал, сладок чин на грижа за себе.
Твојот сладок момент на среќа започнува со нас.
Нашата инспирација:

Во јадрото на ЧИТАЈ КНИГА е втисната болката и загубата кон нашата мајка.
Таа е и главната причина за ЧИТАЈ КНИГА денес да прерасне во прекрасно “место” на спокој и љубов, едно катче за сите љубители на книгите. Љубовта кон фотографијата и книгите ја изградија оваа планета која ги доближи до себе најдобрите издавачки куќи од Македонија, со нивниот огромен избор на наслови во областа на белетристика, популарна психологија, автобиографии и секако да не ги заборавиме најмалите читатели и нивните сликовници, сказни и боенки.
Читај книга ја градиме заедно!
Вие сте тие кои можете да ја направите уште побогата и поубава додека вашата среќа е наша мотивација за да работиме уште подобро и посветено во иднина.
НАШИТЕ ОМИЛЕНИ ИЗДАВАЧКИ КУЌИ
![]()
![]()