Политика за враќање


Последно ажурирање: 28.06.2026

Во ЧИТАЈ КНИГА сакаме да бидете задоволни од секоја нарачка. Доколку производот што сте го примиле има недостаток или е оштетен при испораката, ќе направиме сè што е потребно за проблемот да биде решен брзо и едноставно.

Враќање на производ

Производ може да се врати доколку:

  • сте примиле погрешен производ;

  • производот е оштетен при транспорт;

  • производот има производствен недостаток.

За да можеме да го одобриме враќањето, потребно е:

  • да нè контактирате најдоцна во рок од 8 дена од денот на приемот на пратката;

  • производот да биде во состојбата во која е примeн, без дополнителни оштетувања;

  • да приложите фотографија од оштетувањето (доколку има такво).

Производи што не можат да се вратат

Не прифаќаме враќање на:

  • книги што се користени, читани или оштетени по вина на купувачот;

  • производи оштетени по приемот;

  • производи без оригиналното пакување, кога тоа е потребно за утврдување на состојбата.

Замена на производ

Доколку сте примиле оштетена книга или погрешен наслов, ќе ви испратиме нов производ без дополнителен трошок.

Трошоците за враќање и повторна испорака во овие случаи ги покрива ЧИТАЈ КНИГА.

Рефундација

Рефундација се одобрува кога:

  • не можеме да обезбедиме замена на производот;

  • производот не е достапен;

  • постои друга оправдана причина согласно важечките прописи.

По одобрување на барањето, средствата ќе бидат вратени преку истиот начин на плаќање, доколку тоа е возможно, или по договор со купувачот.

Рефундацијата ќе биде извршена во рок од 14 дена од денот на одобрување на барањето.

Како да поднесете барање

За враќање, замена или рефундација, контактирајте нè на:

Е-пошта: citajkniga@outlook.com

Во пораката наведете:

  • број на нарачка;

  • име и презиме;

  • краток опис на проблемот;

  • фотографии (доколку производот е оштетен).

Право на потрошувачот

Оваа политика не ги ограничува правата што потрошувачите ги имаат согласно важечките закони на Република Северна Македонија.

Контакт

ЧИТАЈ КНИГА ДООЕЛ

ул. Богомилски Поход бр. 49

1000 Скопје

Е-пошта: citajkniga@outlook.com