Осум состаноци

Осум состаноци

Цена
ден 450.00
Цена со попуст
ден 450.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Среќните парови не се разликуваат многу од несреќните; тие се само способни полесно да го решат предизвикот за да можат повторно да уживаат во заедништвото. 

Животите во голема мера зависат од нашите љубовни врски, па зошто беспотребно би си го отежнувале патот? Големата тајна на љубовта е откриена! Со помош на оваа книга ќе успеете да ја зацврстите и да ја продлабочите вашата врска. Освен што со овој водич ќе се забавувате, тој и ќе ве одржи љубопитни, отворени кон својот партнер што никогаш нема да престанете да разговарате, а токму тоа е клучот во (ис)трајноста.

Џон Готман и Џули Шварц Готман, врвни истражувачи и советници за двојки, ќе ви откријат сè за разговорите кои навлегуваат во суштинските теми од кои зависат врските: доверба и посветеност, конфликти, секс, пари, семејство, забава и авантура, раст и духовност и соништа. Вештините за интимен разговор и советите за искреност за сопствените потреби и емоции важат за секоја врска, независно дали е нова или сакате да ја обновите и зацврстите. Ќе го (прео)откриете својот партнер како никогаш досега – и ќе можете да ги остварите и своите и заедничките надежи и соништа за љубовта што ја посакувате и ја заслужувате.

Не претпоставувајте дека знаете каков е вашиот партнер денес само затоа што сте заспале покрај него претходната вечер. Накратко: никогаш не престанувајте да поставувате прашања. Но поставувајте ги вистинските прашања.

„Чудесна книга што ќе ви овозможи преку забавни и конструктивни разговори да стигнете до љубов што ќе се надградува и ќе трае цел живот!“

Даниел Џ. Сигел