Образована

Образована

Цена
ден 500.00
Цена со попуст
ден 500.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Незаборавни мемоари за едно девојче кое, откако ќе се осмели да замине од семејството, завршува докторски студии на Кембриџ.

Родена во затворено, строго мормонско семејство од планините во Ајдахо, Тара Вестовер за првпат стапнала во училница на седумнаесетгодишна возраст. Нејзиното семејство било толку изолирано од општеството што не постоел начин властите да се погрижат децата да добијат образование или пак да се вмешаат кога еден од браќата станал насилен.

Откако другиот брат на Тара се запишал на факултет, и таа решила да започне нов живот. Потрагата по знаење постепно ја преобразила, ја поттикнала да го прошета светот, да се запише на Харвард и Кембриџ. Дури тогаш се запрашала да не отпатувала предалеку, дали постои начин да се врати дома.

„Прекрасна и поттикнувачка книга... И покрај необичното детство, прашањата што ги поставува овој роман се универзални: Колкав дел од нас треба да им дадеме на оние што ги сакаме? И до кој степен треба да ги изневериме за да пораснеме?“ – Вог