Чуварницата

Чуварницата

Цена
ден 350.00
Цена со попуст
ден 350.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

„Чуварницата“ ткае приказна за доаѓањето на модерниот свет во Ратлин, осамен ирски остров, на крајот на XIX век. Модернизирањето на островот погоден од бури е олицетворено во Нуала Брн, која поради несреќни околности е оставена од семејството да живее сама меѓу островците. Барајќи трошка среќа и удобен живот, таа се соочува со тешки одлуки од кои ѝ зависи животот. Во замена за покрив над главата, се согласува да се омажи за стариот кројач.

Во меѓувреме, островот врие од гласови за мистериозни странци што пристигнуваат со необична опрема за која се зборува дека ги краде зборовите од устата и ги пренесува преку океанот. Познатиот пронаоѓач Маркони составил тим од инженери да спроведуваат експерименти за потребите на безжичната телеграфија. Кога Нуала е испратена да им готви на странците, ѝ се отвораат непознати хоризонти. Го запознава и Габриел, еден од инженерите, и како што нивното пријателство почнува да се развива, таа сфаќа дека цената што ја платила за сигурен дом сепак била превисока.

„Чуварницата“ се најде во потесниот избор за Наградата за литература на Европската Унија во 2019 година.