Дали некогаш сте посакале да заминете на некое ново место и да станете сосем друга личност?
А каква личност сте навистина? Во ова извонредно ремек-дело Мураками навлегува длабоко во човековата душа анализирајќи ги сите нејзини димензии.
Детективски заплет, магичен реализам, психолошка потрага по суштината на љубовта и соживотот, откопување на долго чувани тајни од Втората светска војна... Ова е роман со необична и вознемирувачка атмосфера, проникнат со суптилна симболика, едно од најдобрите дела на Мураками.
Кога младиот Тору Окада ќе ја почне потрагата по избеганиот мачор, а подоцна и по исчезнатата сопруга, отвора вистинска Пандорина кутија. А од неа излегуваат осамена тинејџерка од соседството опседната со смртта, проколната куќа со пресушен бунар, амбициозен политичар со морничаво минато и мистериозно влијание, воен ветеран со потресна исповед, две видовити сестри... Во стилот на Мураками и во духот на човечкото, некои мистерии остануваат енигми, но не и за оние кои умеат да читаат меѓу редовите на јапонскиот прислушувач на паралелниот свет.
Лавиринт создаден од мајсторот, едновремено секојдневен и необичен.
Сан Францско кроникл