Местото што ги знае сите тајни.
Едно совршено јулско утро, педесетгодишната Ел, среќно омажена и мајка на три деца, се буди во Хартиената палата – викендичката што ја посетуваат секое лето. Но ова утро е поинакво. Додека гледа во празните чаши од вино и го слуша ехото од смеата на пријателите, се присетува на страсната средба во мракот со стариот пријател од детството, додека нејзиниот сопруг мирно си разговара со гостите.
Сега Ел е исправена пред судбоносна одлука – дали да го продолжи мирниот живот со својот сакан сопруг Питер или да се одлучи за неизвесен живот за кој отсекогаш мечтаела, со љубовта од детството оневозможена од еден трагичен настан што им ја променил иднината?
Нежен но разурнувачки, „Хартиената палата“ е извонреден роман кој брилијантно ја отсликува растргнатоста помеѓу желбата и сигурноста, и последиците од грешките што семејството ги пренесува врз судбината на идната генерација.
„Исклучително надарена со неверојатна моќ за опишување, Хелер фантастично ни ги слика природата и човечката душа.“
Њујорк тајмс
„Книга што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.“
Паблишер викли