
Мароко, 1941 год.
Франција е падната под нацистичка окупација, дванаесетгодишната Џози бега со своето семејство во Казабланка. Животот е интензивен како сонцето, секоја глетка, мирис и звук ги будат сите сетила во овој град исполнет со извонредни ликови. Тоа е свет што е далеку од сите проблеми, а Џози го сака тоа.
Седумдесет години подоцна.
Едно ново пристигнување во опојниот пристанишен град. Зои, тешко се справува со проблемите во бракот, нејзината ќерка и нејзиниот нов живот како иселеник во едно за неа непознато место. Но, кога открива мала дрвена кутија и дневник од 1940-тите под даските од спалната соба, Зои влегува во светот на младата Џози, која сведочела за многу поинаква Казабланка.
Можат ли сеќаваќата на Џози да и помогнат на Зои да ја претвори трагедијата во надеж и да ја пронајде потребната утеха за да го излечи своето скршено срце?