Не е тајна дека зад успехот стои добрата организација на времето ‒ таа е и решение за стресот во ова брзо секојдневје.
Меѓутоа ова е еден малку поинаков дневник. Ќе ви биде верен бележник и потсетник за секојдневните активности и размисли. Но ќе ви биде и непресушен извор на мотивација и инспирација со своите мисли и пораки за боење, веќе добро позната медитативна техника за релаксација и смиреност. Совршен спој на практичното и инспиративното, неделна доза оптимизам, и бои што ќе му дадат ваш личен печат. Вам ви останува да планирате, пишувате, боите и размислувате ‒ и најдоброто несомнено ќе дојде!