Лудо богати Азијци

Лудо богати Азијци

Цена
ден 430.00
Цена со попуст
ден 430.00
Цена
ден 490.00
Распродадено
Unit price
per 

ЛУДО БОГАТИ АЗИЈЦИ е роман за три супербогати кинески семејства, за озборувањата, заговорите и планирањето што да се прави кога наследникот на едно од најголемите богатства во Азија ќе ја донесе својата девојка КРА – Кинезинка Родена во Америка, на свадбата на годината.

Рејчел Чу одлучува да го помине летото во Сингапур со нејзиното момче, Николас Јанг. Таа си замислува скромен семеен дом, долги прошетки додека го истражуваат островот, и квалитетно поминато време со човекот кој би можел еден ден да ѝ биде сопруг. Она што таа не може да го претпостави е дека семејниот дом на Ник изгледа како дворец, дека ќе се вози во приватни авиони и дека е девојка на најбараниот ерген.
Совршено претставување на судирот меѓу „старите пари“ и „новите пари“, помеѓу Кинезите кои живеат во странство и традицио налните Кинези кои живеат во својата земја.

Свет на династии, свет во кој владее раскош поголем отколку што може да се замисли, плејада на влијателни ликови – ЛУДО БОГАТИ АЗИЈЦИ е прозорец кон азискиот џет сет! Пред сѐ е прекрасен роман за тоа што значи да се биде млад, вљубен, славен, и лудо богат!