Крв и убавина

Крв и убавина

Цена
ден 550.00
Цена со попуст
ден 550.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Кон крајот на петнаесетиот век , убавината и творештвото на Италија биле на исто рамниште со нејзината суровост и корупција, но никаде во толкава мера како во Рим и во самата Црква. Кога кардиналот Родриго Борџија си го купил патот до кралскиот престол и станал Александар VI, него како личност не го определувале само богатството или страсната љубов кон вонбрачните деца што ги имал тукуи самата негова крв: тој бил шпански папа во град управуван од Италијанците. За да може да ликува семејството Борџија, овој харизматичен, врвен политичар со огромна љубов за животот, жените и моќта, морал да ги искористи својата папска моќ и сопственото семејство на патот до успехот.

Главно оружје му бил најстариот син Чезаре, човек со неверојатно студена интелегенција и уште постудена душа, иако се понестабилен како личност. Подоцна овековечен во Владетелот на Макијавели, тој на татко си му обезбедувал енергија и сила. Од друга страна, ќерка му на Александар, Лукреција, која обајцата многу ја сакале, била најзначајното династичко средство.

Овој роман најмногу го следи нејзиниот животен пат низ три брака: од детската наивност до болни искуства, од пион на таблата до политички играч. Разбивајќи многу митови за Борџиите, „Крв и убавина“  е величенствено дело кое одново му даде живот на ова единствено семејство, воедно величајќи ја суровата сила на самата историја.