Некои луѓе зрачат со магнетна моќ. Како да имаат во себе нешто што другите не можат да го одбијат. Дали би сакале и вие да стекнете таква привлечна моќ?
Постојат природно харизматични луѓе што ги красат квалитети на кои им се восхитуваме, како благородност, великодушност, срдечност, голема сочувственост, услужливост и оптимизам. Овие одлики лесно можете да ги стекнете ако одвоите време и малку напор да ги развиете и ако совладате определени техники.
Меѓу вештините што ќе ги научите на овие страници се следниве:
• Како да станете харизматична личност • Како да стекнете нови пријателства и да ги задржите старите
• Како да им влијаете на луѓето со кои комуницирате создавајќи атмосфера на соработка и колегијалност
• Како да изградите доверба
• Како да ги процените и разберете другите за да можете да се однесувате поефективно со нив
• Како да постапите и како да реагирате кога се конфронтирате со тешки луѓе
• Како љубезно да не се согласите со нешто или некого...
Оваа книга ви открива докажани начини за постигнување квалитетни односи со луѓето со кои живеете и соработувате. Со неа цврсто зачекорувате по патот што им донесе успех, среќа и богат живот на милиони луѓе низ светот!