
Богатите жители на едно предградие во Вашингтон – Мариса и Метју Бишоп се чини дека имаат сè – сè додека Мариса не го изневери сопругот. Под фасадата на совршенството се наоѓа врска уништена поради работа и недостаток од интимност. Таа сака да ги поправи работите за доброто на нивниот осумгодишен син и затоа што го сака нејзиниот сопруг. Тогаш се појавува Ејвери Чејмберс.
Ејвери е психотерапевтка која ја изгубила својата професионална лиценца. И покрај тоа, не престанува да ги советува луѓето во криза. За таа цел, тие мораат да се согласат со нејзините неортодоксни методи. А Бишопови се очајни.
Кога ќе го пречекорат прагот на куќата на Ејвери и кога Мариса ќе го признае своето неверство, сите тројца се на пат што води до сериозен конфликт. Најголемите тајни сè уште се скриени, па веќе не е во опасност само нивниот брак.