Брезите што шумеа крај Темза

Брезите што шумеа крај Темза

Цена
ден 350.00
Цена со попуст
ден 350.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Сместен во инвалидска количка, седејќи пред прозорецот во својата крајбрежна вила во Брајтон, Англија, 65-годишниот професор по книжевност со полско потекло, Едвард Лијам Адамски, ќе им се наврати на своите стари спомени. Дури четири децении наназад, само за да ни ја раскаже приказната за младиот студент кој една пролетна ноќ, во Лондон, имал среќа да ја запознае жената на својот живот – девојката од високата класа по име Емили Стоунбриџ.

Двајцата млади писатели ќе се впуштат во бурна љубовна врска, исполнета со многу страст и поезија. Но, тој ќе сфати колку многу ја сакал Ема дури откако целосно ќе ја изгуби, а таа ќе отпатува далеку, во Јужна Америка... Следува неговиот брак со нејзината родена сестра Беверли и нивната борба за да добијат деца, но и сите други необични перипетии на неговиот живот, додека времето неповратно тече напред и ги носи водите на реката Темза, некаде далеку.

Сепак, без оглед на потребите на своето семејство – сопругата Беверли и посвоените близначки Холи и Фиона, неговата успешна кариера како професор на колеџот „Кингс“ во Лондон, но и сите други настани во животот, тој никако не може да ги заборави уникатните емоции што ги негува исклучиво кон Ема.

Сè додека еден ден не открие дека има и возрасен, биолошки син по името Рафаел Паз.

 

Напишано од перото на писателката Катерина Серафимовска (1972 година), член на ДПМ (2001) и автор на десет досега објавени книги, меѓу кои и романите: „Забранет поглед“ (1999); „Насмевка со цимет“ (2016); „Поглед полн синило“ (2017); „Небото над реката Чарлс“ (2018); „Блесок на пролетта“ (2019).