Натриум хлорид

Натриум хлорид

Цена
ден 550.00
Цена со попуст
ден 550.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Во возбудливиот претпоследен трилер од серијалот, тимот тргнува во лов на криминалец кој со години се провлекува незабележано.

На својот шеесетти роденден, една жена си го одзема животот. Кога случајот пристигнува на бирото на Карл Морк, нему не му е јасно каква врска има тоа со одделот за нерешени случаи бидејќи причината за смртта се чини сосем очигледна. Сепак, неговиот шеф, Маркус Јакобсен, е убеден дека тоа е поврзано со нерешен случај што го мачи уште од 1988 година.

На барање на Маркус, Карл и колегите од Секторот Q, Росе, Асад и Гордон, неволно почнуваат да истражуваат. Набрзо откриваат дека претчувството на Маркус се покажува точно: во текот на последните три децении, на секои две години има необични, беспрекорно темпирани смртни случаи со меѓусебна поврзаност што вклучува мистериозни купчиња сол на местото на злосторството. Како што истрагата навлегува подлабоко, се покажува дека овие „несреќни случаи“ се, всушност, дел од пакосна шема на убиства.

Соочени со својот најтежок случај досега, дополнително отежнат од рестрикциите со ковид-19 и предизвиците што им ги носи приватниот живот, колегите од Секторот Q влегуваат во трка со времето за да го пронајдат виновникот пред да се изврши следното убиство, зашто станува сѐпојасно дека убиецот нема намера да сопре.