Дома пред да се стемни

Дома пред да се стемни

Цена
ден 450.00
Цена со попуст
ден 450.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Меги Холт е познато име за жителите на Вермонт – нејзиниот татко го прославил целото семејство со книгата за куќата „Бејнбери хол“ од која сите побегнале среде глува доба. Неговата хорор-приказна за натприродни и злокобни присуства станала светски феномен на популарност, но и на скептицизам.

Меги сега е возрасна и ја наследува „Бејнбери хол“. По смртта на татко ѝ, одлучува да ја открие тајната. За неа духови не постојат и таа е решена по секоја цена да се соочи со она што мисли дека го заборавила пред дваесет и пет години. Но локалните жители не се баш воодушевени од нејзиното враќање зашто мемоарите на татко ѝ го направиле гратчето неславно.

Кога Меги почнува да доживува необични нешта исти како оние во книгата, вистината што ќе ја открие е многу поинаква од она што го очекувала. Мрачната историја на куќата ќе го доведе во прашање сето она во што таа верува.