Да те најдам прв

Да те најдам прв

Цена
ден 550.00
Цена со попуст
ден 550.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Милијардерот со компјутерска фирма Мајлс, има повеќе пари отколку што може да потроши; има се друго за што може да сонува - освен време. Соочен со неизлечлива болест, Мајлс знае дека мора да го искористи секој миг и да си го среди животот.

А тоа значи дека треба да се сврти во минатото, затоа што таму некаде Мајлс има деца. Тие можеби ќе ги наследат обете нешта од него, и доброто и лошото - можеби неговото богатство, а можеби и нешто многу полошо. Така, тој решава да ги најде сите негови деца. Ама, некој заканувачки убиец е постојано еден чекор пред него. И, децата почнуваат да исчезнуваат, едно по едно. Не само што исчезнуваат, туку им се брише секаква трага.

"Да те најдам прв почнува со експлозија, а завршува со уште поголема. Баркли е неверојатен писател, ама со ова дело се надминал себеси. Ова е најдобрата книга во неговата кариера. Не можев да ја оставам, а нема да можете ни вие. Ако уживате во трилери, ова е вистинскиот избор за вас. Возбудата трае до крај." - Стивен Кинг