Замоци на гневот

Замоци на гневот

Цена
ден 300.00
Цена со попуст
ден 300.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Во Европа во XIX век, во некое измислено, но можеби и возможно гратче, сѐ тече како историја и приказна: соништата на господин Раил и усните на госпоѓа Раил; приказната за првите возови; мажот што го слуша бескрајот; детето што на себе ја носи сопствената судбина; волшепството на Кристалната палата; необичниот живот на архитектот Хектор Хоро, кој замислува градови од стакло. Ова е стилистичка партитура, составена од виртуозност и бистрина, копнежлива сетилност и болна литанија. Наративното писмо на Барико има исклучителна убавина, која се раѓа од енергичната интуиција на светот.

Првиот роман на Алесандро Барико, според многу критичари, е и прв по важноста. Со овој роман Барико го одбра курсот што го доведе до еден од водечките европски писатели на денешницата.

 

„Како човек што првпат го открил светот и сѐ уште не сфатил дека постојат граници.“

Ангела Пападопулу