Во градината на ѕверот

Во градината на ѕверот

Цена
ден 250.00
Цена со попуст
ден 250.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Во романот станува збор за сексуалната зависност, тема што Лејла Слимани ја пренесува мошне внимателно и со исклучителна суптилност.

Пеколното секојдневје на Адел (новинарка омажена за успешен лекар, мајка на едно дете) е исполнето со лаги, долги подготовки за да организира средби и да ги задоволи своите сексуални желби, но и со фобии и опсесии, со страв дека ќе биде откриена во своите авантури и ќе го загуби сето она што го има – работата, семејството, самопочитта.

Адел ги одбира мажите сосема случајно, а понекогаш дури и плаќа за да го добие она што го посакува. Сепак, нејзиното однесување е поблиску до некој вид мазохизам отколку до потрага по задоволство. Бидејќи таа првенствено се обидува да задоволи некој свој недостиг, длабока егзистенцијална празнина чии корени допираат до детството и до фрустрирачкиот однос со мајката, која не била способна да сака.

Со својот прв роман Слимани ненаивно нè повикува во светот на сказните од детството. А детството е појдовна точка на сите наши сеништа и опсесии, колепка на нашите подоцнежни душевни демони.