Илузии

Илузии

Цена
ден 250.00
Цена со попуст
ден 250.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Во воздушниот простор меѓу полињата со пченка во Илиноис и сината бесконечност, еден маж одлучува да му верува на пропелерот на својот двокрилец. За разочараниот писател и пилот Ричард Бах вербата е вистинска колку и полниот резервоар и искрите кои ги испуштаат цилиндрите... сè додека не го запознае Доналд Шимода – поранешен механичар и таканаречен месија, кој умее да ги натера клучевите да летаат и кој ја распламтува Ричардовата имагинација...

Во Илузии Ричард Бах лета со својот двокрилец обидувајќи се да ги одгатне безвременските вистини што им даваат крилја на нашите души: дека на луѓето не им се потребни авиони за да летаат; дека и зад најцрните облаци блеска светлина штом ќе успееме да се издигнеме над нив; дека луѓето може да ги најдат месиите на најнеочекувани места – на пример, во полињата со сено, во малите гратчиња и, пред сè, во самите себе.

Дали е лесно да се биде месија во современиот свет? Дали во секого од нас не се крие неразбуден духовен учител? Дали веќе го имаме сето знаење што ни е потребно, и на кое треба само да се потсетиме? Ричард Бах поттикнува милиони читатели да се замислат над овие прашања.