
„Малиот принц“ е книга за мали и за големи...
Напишана во форма на бајка, таа ја раскажува приказната за малото момче кое доаѓа од една мошне далечна и мошне малечка планета и неговата потрага по пријателство
и љубов.
Ова е книга за светот и човекот, за возрасните и децата, за животот и вистинските вредности: пријателството, љубовта, посветеноста и пожртвуваноста, за раѓањето
и смртта, за ѕвездите и бесконечните пространства.