Љубов во книжарница е топла приказна која ќе ве увери во тоа што вистинските книгољупци веќе го знаат - книгите имаат неверојатна моќ да влијаат на туѓите животи.
Секој човек има своја приказна...
Дали оваа приказна ќе има среќен крај?
Книжарницата Најтингејл е вгнездена на главната улица во едно идилично гратче. Тоа е книжарница од соништата на сите книгољупци, удобен рај и гостопримливо место за бегство за љубителите на литературата. Но сопственичката Емилија Најтингејл, по смртта на татко си се бори да ја одржи книжарницата во живот, а искушението да ја продаде постојано расте. Инвеститорите во недвижнини постојано се врткаат наоколу, сепак, верните муштерии на Емилија веќе ѝ станаа како семејство, па таа не може ни да замисли да го прекрши ветувањето што му го даде на татко си - да ја зачува книжарницата.
Влезете во светот на книжарницата Најтингејл и послужете се со порција романса, долго чувани тајни, и неочекувани надежи за иднината - и тоа не само меѓу страниците на полиците.
Љубов во книжарница е една восхитувачка приказна за Емилија, незаборавните муштерии чиишто животи таа ги промени и книгите кои сите тие неизмерно ги ценат и магично ги лечат нивните срца.
ISBN 978-608-6694-70-8