Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто

Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто

Цена
ден 600.00
Цена со попуст
ден 600.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Омилената ѕвезда од „Пријатели“ нè носи зад сцената на хит-серијата и на неговата борба со порокот во овие искрени, забавни и разоткривачки мемоари што испраќаат моќна порака за надеж и упорност.

Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме викаат Мети. И требаше да сум мртов.“

Вака започнува приказната на познатиот актер, која води од детските амбиции за слава сè до зависноста и закрепнувањето од неа. Тој нè запознава со: петгодишниот Метју, кој патувал од Монтреал до Лос Анџелес, врвејќи ја траекторијата помеѓу неговите разделени родители; со четиринаесетгодишниот Метју, кој веќе бил познат во цела Канада; и со дваесет и четиригодишниот Метју, кој ја зграбил посакуваната улога како водечки член на актерската екипа од пилот-серијата која првично била наречена „Пријатели како нас“.

Во извонредната приказна што само тој може да ја раскаже, Метју Пери го открива растуреното семејство во кое израснал, желбата да биде препознаен, и празнината што не можела да се пополни дури и кога неговите најголеми соништа биле остварени. Исто така, тој детално ги опишува мирот што го нашол во трезвеноста и чувството додека траела сеприсутноста на „Пријатели“, споделувајќи приказни за колегите од серијата, но и за други ѕвезди што ги запознал по тој пат. Искрен, самосвесен, и со хуморот како заштитен знак, Пери сликовито ја прикажува својата доживотна битка со пороците и како тие се родиле и покрај тоа што навидум имал сè.

Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто“ сe незаборавни мемоари кои се и интимни и ни ги отвораат очите, како подадена рака за секој што води некоја битка. Непоколебливо искрена, трогателна и бурно смешна, ова е книгата што фановите долго ја очекуваа.