Посакувам да си тука

Посакувам да си тука

Цена
ден 380.00
Цена со попуст
ден 380.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Љубовта те чека зад следниот агол, дури и кога сè ти изгледа безнадежно

Даниел е успешен архитект чиј живот изгледа беспрекорно. Сè до неговиот триесетти роденден. Тогаш неговата свршеница го остава за друг човек и совршениот свет се урива до темел.

Потонат во личниот бродолом, тој го слуша цедето што му го подарува единствената пријателка што ја има. Слушајќи го албумот „Посакувам да си тука“ на Ева Вентер, именуван според најпознатата песна на „Пинк Флојд“, нешто чудно одекнува во него. Во многу од нумерите ја препознава својата лична биографија.

Свесен дека нема веќе што да изгуби, трогнатиот Даниел носи необична одлука: без никому да јави, заминува за Париз, каде што живее Ева Винтер. Зашто му се чини дека со неа споделува многу заеднички работи. Додека си го открива вистинскиот идентитет – и патем љубовта на својот живот – на површина ќе исплива една огромна премолчувана тајна која ќе измени сè...