Искри како ѕвезди

Искри како ѕвезди

Цена
ден 500.00
Цена со попуст
ден 500.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

„Напнато... емоционално. Се затеков себеси како желно го следам дејството, нешто што го немав сторено многу одамна, со големо нетрпение и исчекување каков нов пресврт ќе се случи“ – НПР (Државно радио)

Американка со авганистанско потекло се враќа во Кабул со цел да ја дознае вистината за своето семејство и за трагедијата што им го уништила животот: тоа е дејството на овој брилијантен и жесток роман од авторката на бестселерите Бисерот што ја скрши школката, Куќа без прозорци и Кога месечината е ниско.

Кабул, 1978 година: Како ќерка од угледно семејство, Ситара Замани живее живот полн со привилегии во авганистанската космополитска престолнина. Тие 70-ти години се период што ветува извонредно многу, под водство на луѓе како Сардар Дауд, прогресивниот авганистански претседател, и саканиот татко на Ситара, инаку десната рака на претседателот. Но, светот на десетгодишната Ситара се урива кога комунистите изведуваат воен удар, при што ги убиваат претседателот и сите од семејството на Ситара. Таа е единствената преживеана. 

Од палатата скришно ја изнесува еден гардист по име Шаир, по што Ситара на крај завршува во домот на една американска дипломатка, која ја посвојува и ја подига во Америка. Во својата нова земја, Ситара добива и ново име – Аријана Шеперд – и се фрла на студии, за на крај да стане познат хирург. Како еденствена преживеана од трагедијата, Аријана одбива да гледа зад себе и место тоа решава траумата и катастрофалната загуба што ги претрпела да ги закопа длабоко во себе.

Њујорк, 2008 година: Триесет години по таа фатална ноќ во Кабул, светот на Аријана повторно се разнишува од корен кога во нејзината ординација влегува еден постар пациент – човекот кого не очекувала дека некогаш повторно ќе го види. Тоа е Шаир, војникот што ја спаси, а, сепак, кој, можеби, и го убил целото семејство. Средбата со него кај Аријана буди гнев и желба за одговори – и, можеби, за одмазда. Сфаќа дека не може да продолжи со животот ако не ја дознае вистината, па тргнува во потрага, која ја враќа во Кабул – центарот на борби меѓу корумпираната влада и талибанските фундаменталисти – и низ засенчените сеќавања на саканиот свет што го изгубила. 

Смела, просветлувачка, трогателна, а, сепак, полна со надеж, Искри како ѕвезди е приказна за домот – за Америка и за Авганистан, за трагедијата и за опстанокот, за повторното пронаоѓање и сеќавање, приказна раскажана со карактеристичниот глас на Надја Хашими.