Нивните животи беа совршени сѐ додека не се запознаа.
Леди Хиро Батен е занесна млада дама што ѝ припаѓа на самата елита на аристократијата. Таа е родена сестра на војводата од Вејкфилд и ништо не ѝ недостасува. Верена е за маркизот од Мендевил, за кого смета дека е досаден и нема смисла за хумор… Ама не ѝ пречи. Сѐ додека не се сретна со братот на маркизот!
Лордот Грифин Ридинг воопшто не е совршен. Всушност тој е еден многу мистериозен тип за кого никој не знае како му поминува денот, ама затоа е општопознато дека ноќе присуствува на разновидни развратни забави… Уште кога првпат го виде, Хиро почувствува одбојност, а Грифин пак мисли дека таа со својата добротворна работа и беспрекорните манири е премногу совршена за неговиот брат. Нивното постојано надмудрување и битка со зборови се разгоруваат во незапирлива страст која се заканува како кули од карти да ги разурне нивните уредени светови.
Можат ли двата несовршени лика
да пронајдат совршена, вистинска љубов?
Ова е втората од неколкуте романтични и секси љубовни романси, што авторката Елизабет Хојт ги објави по 2010 година. Најпребирливите читатели неодамна имаа можност од оваа серија да ја прочитаат книгата „Опасни намери“, а при читањето на „Забранети задоволства“ ќе се потсетат на настаните и нејзините главни ликови.
„Опојна комбинација на љубовна приказна, историски роман и бајка… Предизвикувачка, сензуална и забавна сторија со несекојдневни главни јунаци, што ќе ги воодушеви читателките што се жедни за длабоки и вистински чувства.“
Буклист