Уживајќи со својот свршеник во романтична вечера во еден од најубавите ресторани во Сиетл, Кејли размислува за својот живот и не може да поверува колку е среќна: има одлична работа како новинарка и сега е свршена со човек кој е совршен во секој поглед. На заминување од ресторанот, Кајли забележува еден слаб, забраден бездомник на тротоарот. Му приоѓа за да му ја даде кесата со нивната преостаната храна, но се вкопува во место кога им се сретнуваат погледите. Шокирана и страшно потресена, сфаќа дека тој човек е љубовта на нејзиниот живот: Кејд.
Кога Кејли и Кејд се запознале пред десет години, привлечноста помеѓу нив била инстантна и неопислива; веднаш се јавила блискост и поврзаност, сѐ делувало како судбина. Но нивната врска завршила ненадејно и Кејли била потиштена. Сега, кутрата душа на улицата е само бледа верзија од нејзиниот поранешен сакан: неговото уморно лице сѐ уште е убаво како што Кејли го помни, но умот му настрадал во изминатите тешки години. Во текот на следните неколку недели, Кејли му помага на Кејд да почне да ги составува делчињата од сложувалката, иако на почетокот го крие тоа од Рајан. Но со навраќањето на старата врска, Кејли почнува да сфаќа дека мора да одлучи точно што сака и кого сака.
Во стилот на Џио, со раскажување паралелно во минатото и сегашноста, пловиме низ прекрасна приказна за жена која е соочена со невозможен избор; жена која открива што е подготвена да спаси, а што да жртвува во име на вистинската љубов.