Култната ,,кралица на кирми-приказните", П.Д. Џејмс, е вистинска господарка на својот занает, преплетувајќи мотиви од златната доба на крими-расказите со сериозни психолошки анализи и притоа создавајќи возбудливи и тензични приказни.
Не е секогаш толку важно кој е убиецот. Понекогаш, мистеријата е во прашаето зошто или како е направено убиството. А, што се случува со оние што минуваат незабележано, оние што успеале да го испланираат и да го изведат совршеното убиство?
Оние што откриваат, но молќат за тоа, оние што препознаваат, но не соопштуваат? Во шесте раскази преставени во оваа книга ќе пронајдете токму вакви мотиви. Тоа се раскази во кои низ спомени, низ мисли и низ соништа, се доближуваме до мотивите, причините и последиците на убиствата.
П.Д. Џејмс мајсторски ја создава оваа кратка наративна форма, со внимателно осмислени приказни, трпеливо изведени мотиви, убедливи сценарија и прецизни дејства со пресврт што навистина ќе ве остави без сон.