ЗА НАС

Планетата @citaj_kniga денес брои повеќе од илјадници ѕвезди – следбеници на нејзиното небо.
Во нејзиното јадро е втисната болката и загубата кон една мајка. Тоа е и главната причина за ЧИТАЈ КНИГА денес да прерасне во прекрасно “место” на спокој и љубов, едно катче за сите љубители на книгите.
Љубовта кон фотографијата и книгите ја изградија оваа планета која денес ги доближи до себе најдобрите издавачки куќи од Македонија, со нивниот огромен избор на наслови во областа на белетристика, трилер/мистерија, популарна психологија, автобиографии и секако да не ги заборавиме најмалите читатели и нивните сликовници, сказни и боенки.
Читај книга ја градиме заедно! Вие сте тие кои можете да ја направите уште побогата и поубава додека вашата среќа е наша мотивација за да работиме уште подобро и посветено во иднина.

                                                                     Контакт:  citajkniga@outlook.com