
Стариот Толак е човек со многу противречности. Горделив е и избувлив, но и праведен и нежен. Тој води битка со новиот, непрепознатлив свет во кој одамна не наоѓа смисла и сѐ уште бескрајно ја сака својата прекрасна сопруга Ингеборг, која исчезнала пред неколку години. А сега, тој умира.
Неговите две деца ретко го посетуваат, останат му е само Одо, или Одо Будалата како што го нарекуваат соседите, кого Толак како мал го прибрал да живее со неговото семејство. Тој ќе настојува ќерката и синот да го посетат за последен пат — зашто е дојден моментот кога молчаливиот човек треба да проговори и конечно да им ја открие тајната која со години му ја јаде душата.
Во овој краток роман, во кој се испреплетуваат елементи на љубовна приказна, на семејна драма и на неизвесен трилер, истакнатиот норвешки автор Торе Ренберг слика трогателен, комплексен и вознемирувачки портрет на маж од „стариот свет“, кој е релевантен и денес. Роман за потрагата по смисла и за суштинските нешта во животот.
Тригери: семејно насилство, ментално здравје.