
Ако можеме активно да сакаме, нема да има ни недостиг на внимание ни растројство
Книга што го разбива митот за растројството со недостиг на внимание, задолжително четиво за родителите и за сите кои сакаат да разберат како искуствата во детството ги обликуваат биологијата и психологијата на човечкиот мозок.
Растројството со недостиг на внимание (АДД) сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста поради неговата широка распространетост и влијанието врз децата, но и врз кариерата на возрасните и социјалниот живот. Опишувајќи ја болната реалност на многу луѓе, искрено споделувајќи го своето лично искуство како возрасен со оваа состојба и татко на три деца со истата дијагноза, д-р Мате повикува на создавање семејни односи што гарантираат простор во кој сите се чувствуваат разбрани и сакани онакви какви што се.
Длабинската анализа и терапевтските опции засновани врз емоционална блискост и емпатија ќе ги променат животите на милиони деца и возрасни. Универзални по својата суштина и вредност, советите во оваа остроумна и привлечна книга се верен водич во односите на човекот со себеси, со своите деца и со опкружувањето, и ја враќаат нашата верба во првобитното право на уникатност и независност. Книга која нуди вистинска надеж и практични совети за децата и возрасните кои живеат со оваа состојба.
Исцелител што заслужува вистинска почит, возбудлива книга што стигна во вистинско време.
Наоми Клајн