Петте јазици на љубовта

Петте јазици на љубовта

Цена
ден 380.00
Цена со попуст
ден 380.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Човек лесно се вљубува. Но да се одржи љубовта – тоа е вистинскиот предизвик. Која е формулата за среќна врска откако ќе помине љубовниот занес?

Во Петте јазици на љубовта, бестселер број 1 според Њујорк тајмс, брачниот советник д-р Чепмен ви ја открива тајната за заемно разбирање што преобрази милиони двојки во светот. Во својот практичен и прониклив водич за долговечна љубов, тој нè тера да се прашаме што бараме еден од друг, ни покажува како да го научиме јазикот на љубовта на партнерот и ни ја открива моќта на вистинските зборови и дела.

Без оглед на тоа дали врската ни цути или ни се распаѓа, проверениот пристап на д-р Чепмен ќе ни помогне да доживееме подлабока и побогата интимност со партнерот. А за тоа треба само да го научиме јазикот на љубовта.