Траумата не е она што ви се случува вам, туку она што се случува во вас.
Во револуционерната книга „Митот за нормалното“ Габор Мате докажува дека нашата емоционална состојба и меѓучовечките односи се во тесна врска со здравјето и болеста. Според овој реномиран лекар, и покрај сета наша стручност и технолошкиот напредок, западната медицина сѐ уште не му пристапува на човекот како на целокупна личност, туку се сосредоточува само на болеста. Нашите лекари го занемаруваат фактот дека целата денешна култура на живеење го изложува телото на стрес, го оптоварува имунолошкиот систем и ја разнишува емоционалната рамнотежа.
По четири децении богато клиничко искуство, Мате согледал дека она што се сфаќа како нормално е погрешно, зашто го занемарува влијанието на доживеаните негативни искуства и на стресот. Во некој момент од животот потиснатите трауми испливуваат на површина во форма на болест. Токму затоа, медицината треба да ја согледа поврзаноста на умот и телото и да прифати дека тие се цврсто испреплетени и дека нашиот целокупен систем има едно име – телоум.
Напишана заедно со неговиот син Даниел, оваа е најамбиоциозната, можеби и најважната современа книга за здравјето. Таа е водич кон исцелувањето и претставува неодложен повик за спас на современиот човек.
„Книга во која читателите можат да најдат засолниште и утеха во моменти на длабока лична и општествена криза, која може да послужи како компас кога ќе се изгуби ориентацијата.“
– Естер Перел, психотерапевт, автор и водител на поткастот Од каде да почнеме?
Габор Мате нѐ води на епско патување за да откриеме како нашата емоционална благосостојба и социјалната поврзаност (т. е. начинот на кој живееме) се тесно испреплетени со здравјето, болестите и зависностите.“
– Бесел ван дер Колк, автор на Телото памети
„Мудро, промислено, прецизно и креативно: интелектуално и сочувствено истражување за тоа кои сме и кои можеме да станеме. Битно четиво за секој човек.“
– Тара Вестовер, авторка на Образована