Ветената земја

Ветената земја

Цена
ден 950.00
Цена со попуст
ден 950.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

ФАСЦИНАНТЕН, ДЛАБОКО ЛИЧЕН ПРИКАЗ НА ПОНОВАТА ИСТОРИЈА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КОЈ НÈ ИНСПИРИРАШЕ ДА ВЕРУВАМЕ ВО МОЌТА НА ДЕМОКРАТИЈАТА.


Во возбудливиот и со нетрпение очекуван прв дел од неговите претседателски мемоари, Барак Обама ја раскажува приказната за неговата неверојатна одисеја од млад човек во потрага по својот идентитет до лидер на слободниот свет, опишувајќи зачудувачки интимни детали од неговото политичко образование и најзначајните моменти од неговиот историски прв претседателски мандат – период на драматична трансформација и превирања.


Обама ги поведува читателите на интересно патување од неговите рани политички аспирации од клучната победа во Ајова, што ја демострираше моќта на изворниот активизам, до врнежливата ноќ на 4 ноември 2008 година, кога беше избран за 44. претседател на Соединетите Американски Држави, станувајќи првиот Афроамериканец на највисоката национална позиција.


Во контекст на неговото претседателствување, Обама нуди уникатна и изострена анализа на извонредниот опсег, но и границите на претседателската моќ, како и согледувања во врска со политиката на длабоката партиска поделеност во САД и меѓународната дипломатија. Обама ги носи читателите внатре во Овалната канцеларија и во Ситуациската соба во Белата куќа, во Москва, Каиро, Пекинг... Ги споделува со нив своите мисли додека го формира својот кабинет, кога се бори со светската финансиска криза, кога го проценува Владимир Путин, додека ги надминува навидум несовладливите пречки до сигурно донесување на Законот за достапна грижа, кога се судира со генералите во врска со стратегијата во Авганистан, кога се справува со реформата на Волстрит и ја одобрува операцијата „Копјето на Нептун“ што води до убиство на Осама бин Ладен.

„Ветената земја“ е извонредно интимна и интроспекциска приказна за обложувањето на еден човек со историјата, верата на еден организатор на заедницата тестирана на светската сцена. Обама е искрен во врска со чинот на балансирање во трката да се биде првиот претседател-Афроамериканец носен на бранот очекувања предизвикани од пораката за „надеж и промена“, соочувајќи се со моралните предизвици при донесувањето одлуки со високи влогови. Тој искрено пишува за силите што отворено му се спротивставуваат и дома и во странство, за животот во Белата куќа, начинот на кој тоа ги афектирало неговите сопруга и ќерки и без страв ги открива моментите на сомневање во себе и разочарувањата. Сепак, не отстапува од верувањето дека прогресот на големиот постојан американски експеримент е секогаш можен.


Оваа прекрасно напишана и моќна книга ги пренесува уверувањата на Барак Обама дека демократијата не е подарок одозгора, туку нешто базирано на емпатија и меѓусебното разбирање што треба да го градиме заедно, ден по ден.