Сонцето повторно изгрева

Сонцето повторно изгрева

Цена
ден 390.00
Цена со попуст
ден 390.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

„Да уживаш во животот значи да научиш да добиваш онолку колку што си платил и да знаеш кога си го постигнал тоа... Ова ми се чинеше како добра филозофија. За пет години, си мислев, ќе ми изгледа исто толку смешна како и сите други добри филозофии што ги имав.

Џејк е силно вљубен во Брет Ешли, но во неа се вљубени и Роберт и Мајкл. Преку нивните доживувања, маки и пијанки, од кафулињата и булеварите на Париз, до борбите со бикови и фиестата во Памплона, Хемингвеј ни ја отсликува „изгубената генерација“ – генерацијата на млади и не толку млади луѓе, кои се обидувале да ја потиснат траумата од Првата светска војна преку забава, алкохол, љубов, секс и уметност.

„Сонцето повторно изгрева“ е можеби првиот вистински писателски триумф на Хемингвеј. Првпат објавен во 1926 година, овој роман останува едно од највпечатливите модерни книжевни дела, а воедно и незаборавна апологија на една генерација која била принудена да ги отфрли сите илузии на своето време и како што знае и умее да продолжи да живее.