Приказна за новото презиме

Приказна за новото презиме

Цена
ден 600.00
Цена со попуст
ден 600.00
Цена
ден 600.00
Распродадено
Unit price
per 

Приказна за новото презиме е втората книга од четиритомниот омаж на женското пријателство еднакво возбудлив и сурово искрен како и претходниот Мојата генијална другарка.

Двете неразделни другарки сега се шеснаесетгодишнички што тргнуваат по различни патишта, судирајќи се со семејството, политиката, љубовта, верноста и, пред сè, со пријателството. Новото презиме и корумпираноста го заробуваат немирниот дух на Лила, а Елена го напушта задушливиот провинциски живот за да го продолжи образованието. По заедничкото летување и неочекуваниот пресврт што им го искушува пријателството, Елена тивко страда поради нејзиното предавство. А кога Лила ја замолува да ѝ почува една скришна кутијка со своевидни дневници, Елена не може да не ги прочита – а потоа огорчено ги фрла во реката...

Со својот жесток набој и истанчен усет за нијанси и детали, Феранте мајсторски ја ткае приказната испреплетувајќи ги живите сеќавања на Елена и интимните записи на Лила. Овој колаж од две судбини е моќно сведоштво за суровоста на женското созревање во еден машки свет.

„Возбудлив и храбар современ еп за демонската моќ на човечката, и особено женската креативност, под будните очи на историјата и општеството.“ Лос Анџелес ривју оф букс