
Романот „Хајди“, објавен во 1881 година со полн наслов „Хајди: нејзините години на
прашување и учење“, е најпознато дело на швајцарската авторка Јохана Шпири.
Таа вели дека го напишала за неверојатни четири недели.
Во него се раскажуваат авантурите на младото девојче Хајди, нејзиниот дедо и пријателите. Со нејзината искреност и добродушност таа ги менува животите на сите околу неа: го враќа дедо и помеѓу луѓето, го учи Петар да чита, а и помага и на Клара да оздрави.
Романот е особено познат по алпскиот пејзаж, што ја врамува целата приказна. „Хајди“ е најпознатото книжевно дело произлезено од Швајцарија. Преведено е на речиси сите познати светски јазици и повеќепати е адаптирано за филмскиот екран.