Како и остатокот од неговото семејство, Луис е лебед-трубач. Но, за разлика од неговите четири браќа и сестри, Луис не може да труби радосно. Всушност, тој воопшто не пушта никаков глас! Поради тоа, Серена, прекрасната лебедица во која е вљубен, не му обрнува внимание.
Луис се обидува на секаков можен начин да ја придобие наклонетоста на Серена – тој дури оди на училиште да научи да чита и да пишува. Но, ништо не помага. Тогаш татко му ќе украде една вистинска месингана труба. Дали музичкиот инструмент ќе му помогне на Луис да го освои срцето на Серена?