Ромео и Јулија

Ромео и Јулија

Цена
ден 160.00
Цена со попуст
ден 160.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Славена како една од најголемите романтични трагедии напишана некогаш, Ромео и Јулија на Вилијам Шекспир е трагична љубовна приказна за „злосреќните љубовници“, Ромео и Јулија. Дејствието е во градот Верона, во Италија, а драмата се развива околу кавгата помеѓу две богати семејства, Монтеки и Капулети. И покрај непријателството, Ромео Монтеки и Јулија Капулети страсно се вљубуваат и во тајност се венчаваат. Арно ама, проклетството на непријателството надвладува и сè се одвива ужасно лошо.

Оваа куса наративна верзија на драмата e прилагодена за помладите читатели. Децата можат самостојно да ја читаат или, пак, со помош на родителите. Исто така, може да се користи и како дополнителна литература во наставата. Лесната нарација и илустрациите во комичен стил со сигурност ќе го привлечат интересот на децата и ќе придонесат за подобар развој на нивните читачки вештини.