Мистериозниот град под калето

Мистериозниот град под калето

Цена
ден 590.00
Цена со попуст
ден 590.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Дали си подготвен за една суперавантура, стотици години наназад низ историјата во нашиот главен град, Скопје? Да истражуваш, да се бориш и да се криеш, да бидеш вистински јунак?

Оваа книга нема да ја читаш по вообичаен редослед.

Низ страниците ќе се соочиш со многу предизвици. Ќе се запознаеш со Скопје и со јунаците од неговото минато кои се споменуваат и до ден-денес, бидејќи со своите дела, храброста и јунаштвото оставиле печат зад себе.

А сега, ти си на ред да станеш јунак. Додека се движиш низ страниците на оваа книга, мораш да бидеш многу храбар и мудар. Ако се случи да се изгубиш, не предавај се, обиди се повторно. Книгата секогаш ќе те врати на вистинскиот пат!

Со помош на оваа авантура ќе научиш еден дел од историјата што е значаен за нашиот главен град. Тоа е периодот кога градот Скопје бил под османлиска власт. Ќе посетиш многу објекти значајни за тоа време и кои до ден-денес постојат за да нè потсетуваат дека Скопје е град со многувековна традиција.


***

„Мистериозниот град под калето“ е книга за деца посветена на Скопје и неговата историја, поточно периодот под Османлиска власт. Станува збор за роман-авантура, базиран на концептот прашање и одговор, каде што самиот читател го одредува текот на настаните и дејството, преку избор на страницата која ќе се сврти. За прв пат на нашиот пазар, ваквата иновативност е директно поврзана со податоците за градот и аспектите од неговото културно наследство: спомениците, настаните, начинот на облекување, храната, јазикот. 


***

Извадоци од рецензиите:

„...Оваа несекојдневно осмислена книга, наменета пред сѐ за најмладите, ни дава поглед кон османлиско Скопје, на начин на којшто новите генерации се подготвени да го прифатат неоптоварено со податоци, директно, игриво, интерактивно и пред сѐ во прво лице еднина.“ 

„...Книгата замислена како интерактивна прескокалка со читателот како главен јунак, вешто и ненаметливо ни ги открива фактите за Скопје од османлискиот период. Заплетите и загатките кои се случуваат низ книгата ја даваат динамиката за развојот на дејството на приказната водејќи го главниот јунак (читателот) да продолжи да открива и разоткрива, да спознава и осознава. Извонредните илустрации и мноштвото од факти кои се поставени ненаметливо, одлично ја надополнуваат сликата за богатството на оваа книга.“

„...Ова е извонреден начин како на новите генерации да им се доближи еден начин на живот и една традиција која постоела во овој град.“