Мариовски сказни - Пејови приказни

Мариовски сказни - Пејови приказни

Цена
ден 290.00
Цена со попуст
ден 290.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 

Еве средба со нашите најубави шеговити приказни за Итар Пејо, мариовскиот итрец и најпопуларниот јунак на народното усно раскажување, во нашето богато културно наследство. Зачувани и собрани од наши познати истражувачи на македонската усна традиција, почнувајќи од Марко Цепенков (1829-1920) и Кузман Шапкарев до Стале Попов, а стихувани од Васил Мукаетов.

Пејо патува со своето неуморно магаре во својот свет, по „Прилепов наш“, надитрува и надмудрува, објаснува легенди, исправа неправди, излегува на крај со своите „балиња“ – соселани, секогаш со иста мера – народот го сака својот јунак, а тој, пак, му возвраќа исто така со немерлива љубов, со верност и доследност.