П.С. Те сакам

П.С. Те сакам

Цена
ден 500.00
Цена со попуст
ден 500.00
Цена
Распродадено
Unit price
per 
Shipping calculated at checkout.

Памети ги нашите прекрасни спомени, но немој да се плашиш да создаваш и нови... 


Холи и Гери имаат совршен живот. Живеат во Даблин блиску до семејството и пријателите и уживаат во својата љубов. Но пред нејзиниот триесетти роденден, човекот кој ѝ е најдобар пријател, љубовник и сродна душа, ја напушта. Светот престанува да постои, животот застанува. Но Гери ѝ ветил дека секогаш ќе биде до неа – и го исполнува своето ветување со пораките што ѝ ги пишувал додека бил во болница. Холи секој месец чита нова порака од него, која ѝ помага да ја преброди тагата.

П. С. Те сакам е прв роман на Сесилија Ахерн. Преведен е во шеесетина земји и стана бестселер во целиот свет, беше најпродаваниот дебитантски роман во Ирска, Англија, САД, Германија, Холадија... Во 2007 година беше и филмуван.

П. С. Те сакам е топла, духовита, искрена и романтична приказна за благословите на пријателството, семејството и вечната природа на вистинската љубов. Според Космополитен, тој е сензационален првенец кој докажува дека вистинската љубов никогаш не умира.

Див хумор и тага – сето ова во еден фантастичен роман.

Кети Кели