„Во Мадрид нема многу убиства“ велеше менторот на младиот полицаец Анхел Зарате. Инспекторката Елена Бланко би додала: „но кога ќе се случи убиство, тогаш е исто толку сурово колку и во кој било град во светот“.
Сусана Макаја, девојка со ромско потекло, но одгледувана како Шпанка, исчезнува по нејзината моминска забава, а нејзиното тело го наоѓаат по два дена. Нејзиното убиство би било само уште едно обично убиство да не е фактот дека жртвата била малтретирана откако врз неа бил извршен ужасен ритуал и дека сестра ѝ ја доживеала истата судбина пред седум години. Убиецот на Лара отслужува казна затвор, така што постојат само две можности: или некој го имитира модус операнди на убиецот или невин човек лежи в затвор.
Затоа комесарот за главна на случајот ја назначува инспекторката Елена Бланко, необична, осамена жена, љубител на грапа, караоке, класични коли и секс во џип. Останува во служба на полицијата зашто не може да го заборави нерешениот случај што ја прогонува сиот нејзин живот.
При истражувањето, инспекторката мора да ја запознае жртвата, да ѝ ги разоткрие тајните, да ѝ ја одгатне приказната. Во случајот на Лара и Сусана, Елена мора да навлезе во животите на девојките со ромско потекло, кои ја отфрлиле традицијата за да се вклопат полесно во општеството, и во животите на оние кои не можат да им го простат тоа и да открие кој сакал да им се одмазди на толку суров начин на двете цигански невести.