„За Божиќ, чудата го осветлуваат небото над Шкотските Висорамнини.”
Гејл Мичел, брилијантната и амбициозна бизнисменка, со години се наоѓа во зенитот на кариерата, но по цена на односот со своите ќерки. По ненадејното соочување со сопствената смртност, ги контактира со неочекувана покана: повторно да го поминат Божиќ заедно – за првпат по пет години.
За сестрите Саманта и Ела Мичел, Божиќ е најубавиот период во годината, време кое го поминуваат во смеа и веселба, обидувајќи се да ги надоместат топлината и магијата што им недостигале на празниците додека растеле. Годинава, додека Ела се приспособува на животот како мајка, а Саманта се надева да постигне деловна зделка за куќата во којашто ќе го поминат празникот, двете сестри решаваат да ја прифатат мајчината покана.
Додека снегот непрестајно паѓа, се разоткриваат стари тајни, се разгоруваат нови познанства и жените од семејството Мичел се принудени да се соочат со вистините што предолго ги избегнувале. Заедно мора да научат дека патот до прошката ретко е без пречки, но понекогаш, еден Божиќ може да смени сè.