Секоја приказна си има свој крај...
Тој е најопасниот и најсуровиот сериски убиец со кој ФБИ некогаш си имал работа. Поседува исклучителна самоконтрола, широко познавање на криминалната психологија и искуство со хипноза. По три години поминати во затвор со максимално обезбедување, тој успева да избега. И е многу, многу бесен. Во својата ќелија веќе ја испланирал одмаздата до последен детаљ. Сега е време да ја спроведе. Да ја натера личноста одговорна за неговото апсење да страда. Да ја принуди да учествува во игра во која нема шанси да победи.
А таа личност е Роберт Хантер, неговиот некогашен пријател и цимер од студентските денови. Двата најсјајни ума во историјата на „Станфорд“ повторно се среќаваат…