„Опасноста што ја љубам“
TAA... Во срцето на сончевата Тоскана, каде што лозјата кријат повеќе тајни отколку грозје, една девојка којашто животот си го има изградено на разум и контрола, добива задача што изгледа сосема обично – проценка на имот чиј сопственик е мистерија. Во свет каде што секоја тајна може да биде опасност, а секој поглед искушение, она што почнува како обична деловна обврска, брзо се претвора во лична борба. Зад вратите на тој имот се крие свет на моќ и тајни кој не ѝ е познат.
TOJ... Мистериозниот наследник, чие име и презиме носи повеќе страв отколку почит, кој доаѓа од свет на моќ, од пари и сенка на мафија, открива дека наследството не носи само богатство, туку и минато од коешто не може да се избега. Минато обвиено со моќ, тајни и сенки што не исчезнуваат.
TИЕ... Меѓу двата различни света, каде што живеат и немирите на сопствените срца, се раѓа љубов што пркоси на лагите, стравовите и крвта. Љубов што започнува во лага, но преживува во вистини што
носат опасност, и станува посилна од сите предизвици.
Може ли љубовта да никне таму каде што вистината се крие зад маски? И, кога срцето е на крстосница помеѓу доверба и опасност, единственото прашање е: дали љубовта може да
преживее таму каде што животот има цена...
„Сенката што ме чува“
„Крими-романса што ќе ви го забрза срцето и ќе ви ја украде насмевката. Приказна што ќе ја сакате засекогаш!“
Миа е успешна адвокатка по професија која професионалниот живот ја враќа во Бостон, каде се чини дека го достигнува врвот на кариерата со нејзиното назначување за корпоративен директор. Но, едно случување од минатото и еден единствен момент не ѝ дозволуваат да заборави и комплетно да ѝ се препушти на љубовта.
Виктор е професионален синоок војник, кој по 20 години служење во армијата формира своја компанија, каде што активностите се тесно поврзани со неговиот претходен начин на живот. Тој е самотник по природа, па неговите сфаќања за љубовта ни малку не се романтични, ниту пак верува во неа.
Пред две години во срцето на Мексико, една случајна средба и само еден поглед се доволни за да остават белег во срцата на Миа и на Виктор.
Сега, судбината повторно им ги вкрстува патиштата, но овојпат за да ги соочи со нивните чувства. Додека опасноста демне околу Миа, тие патуваат низ духовите на своето минато. Повторната средба се повеќе ја засилува нивната љубов, па е невозможно да ѝ одолеат на потребата да бидат заедно.
Дали само еден момент може да промени сè – да ги разниша длабоко вкоренатите верувања и да ги натера да ризикуваат? Додека се соочуваат со сопствените стравови, сфаќаат дека кога желбата е непоколеблива, а љубовта - неизбежна, целосно ѝ се предаваш на неа.
Во оваа борба помеѓу стравот и љубовта, ќе откријат една вистина: љубовта не те менува – таа те прифаќа таков каков што си.