
Пред љубовта на прв поглед, имаше работи кои никој не ги виде.
Ени не верува во љубовта – сè додека не го запознава Марк. Откако патиштата им се вкрстуваат одејќи наутро на работа, се зближуваат за време на групните терапии за преживеани трауми. И двајцата препознаваат делови од себе во другиот, но и двајцата кријат нешта од своето минато.
Ени не ни замислувала дека е можно некогаш да се венча, а сега, кога денот е конечно тука, не постои нешто за што е посигурна од желбата да стапи во брак со Марк.
Но додека стои пред олтарот и гледа кон насобраните гости, забележува еден туѓинец. Набрзо дознава дека нејзиниот нов живот нема да биде толку среќен колку што си замислувала. Кој е туѓинецот на нејзината свадба? Што навистина се случило со првата сопруга на Марк? Дали средбата меѓу Ени и Марк била навистина случајна или некој друг ги вмешал прстите?
Возбудлив трилер што ќе ве натера да размислите двапати пред да кажете „да“.