Животот, сечиј живот е многу кус. Но, ако успееш да бидеш среќен, барем во само еден момент, вредело да го живееш.
Базирана на искуството на преживеаната затвореничка од Аушвиц, Дита Краус, ова е неверојатна приказна за девојчето што го ризикувало својот живот за да ја сочува магијата на книгите за време на холокаустот.
Четиринаесетгодишната Дита е една од многуте луѓе, што нацистите ги заробиле во Аушвиц. Одведена заедно со родителите од квартот Терезин во Прага, се обидува да се прилагоди на ужасниот живот во логорот. Кога еврејскиот водач Фреди Хирш ќе ја замоли да ја преземе грижата за осум драгоцени книги што затворениците успеале да ги прошверцуваат покрај стражарите, таа се согласува. И така Дита станува библиотекарката од Аушвиц.
Од едно од најмрачните поглавја во човечката историја, ни доаѓа оваа исклучителна приказна за храброста и надежта.
„Иако напишана без никакво затскривање на незамисливите ужаси во логорот на смртта, ова е сторија што сепак го величи животот.“
─ Киркус ривјус
„Незаборавен роман, што ќе ви го скрши срцето.“
─ Паблишерс викли